fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Украина го потврди договорот за слободна трговија со Македонија

Промена на механизмот на царинење на земјоделски производи и увоз на стоки од Македонија без давачки во рамките на тарифната квота. Распределбата на квотите во согласност со Договорот за слободна трговија меѓу земјите ќе ја вршат царинските органи по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Украинската Влада на 16 август усвои резолуција за спроведување на Договорот за слободна трговија со Северна Македонија, усвоен во октомври 2022 година, соопшти РБЦ-Украина, повикувајќи се на Министерството за економија. Според трговскиот претставник на Украина, Тарас Качка, оваа резолуција ќе овозможи договорот за слободна трговија меѓу Украина и Северна Македонија, ратификуван пролетта, целосно да биде применет.

Тоа ќе овозможи и промена на механизмот на царинење на земјоделски производи и увоз на стоки од Северна Македонија без давачки во рамките на тарифната квота. Распределбата на квотите во согласност со Договорот за слободна трговија меѓу земјите ќе ја вршат царинските органи по принципот „прв дојден, прв услужен“.

-Важно достигнување за Украина во врска со договорот е пристапувањето на Северна Македонија кон регионалната конвенција „Пан-Евро-Мед“, која воспоставува идентични правила за потекло на стоката и сертификатот за превоз на стоки ЕУР.1. потврдувајќи го статусот на преференцијално потекло на стоката – објасни Качка.

Претходно, РБЦ-Украина објави дека Украина и Северна Македонија договориле „транспортно патување без визи“, со што се предвидува укинување на дозволите за билатерален и транзитен превоз за возила од стандардот Еуро-3 и погоре.

Инаку Министерството за економија на 4 јули годинава ја објави Листата на земјоделски производи со потекло од Украина за увоз во Република Македонија за 2023 година со нула царински давачки во рамките на тарифните квоти. Бесцаринските квоти важат од 6 јули годинава до 30 септември.

Дополнителни квоти од 1 октомври до 31 декември годинава не се предвидени. Според листата од Украина во Македонија без царина во рамките на квотите до крајот на септември ќе може да се увезат 50.000 килограми масло од сончоглед и од шафраника, или памуково семе (рафинирани и нерафинирани или хемиски модификувани, 100.000 килограми чоколади и други производи кои содржат какао, 50 илјади килограми конзервиран зеленчук, исто толкаво количество на овошни и сокови од зеленчук, 50 илјади килограми супи и чорби и препарати за нив, 10 илјди литри вино од грозје и шира, вклучително и други пенливи вина.https://www.slobodenpecat.mk/

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close