fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Хорор во Ропотово: Син го запалил својот татко при семејна расправија

Како што соопшти СВР Битола, синот и таткото на 11 август имале семејна расправија

Вчера, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Т.И.(20) од прилепското село Ропотово затоа што физички го нападнал својот 51-годишен татко.

Како што соопшти СВР Битола, синот и таткото на 11 август имале семејна расправија, по што Т.И. со запалива течност го полил и запалил својот татко, по што веднаш потоа со ќебе го изгаснал огнот.

-Дваесетгодишниот Т.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава-информираат од СВР Битола.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close