fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сточар од Берово вели дека сирењето ќе го поскапи само за 50 денари по килограм

Јас ако го покачам, тоа ќе биде во октомври или ноември и тоа за 50 денари по килограм, а сега цената е 500 денари за килограм. Од тоа живееме. Овде во Берово нема некој избор за работа, луѓето или ќе работат со сточарство или ќе заминат во странство“, вели беровчанец.

Дел од сточарите веќе информираа преку медиумите дека наскоро ќе поскапе сирењето, затоа што тоа се прави без додатоци, нема работници,  но не е за занемарување и фактот дека и сточарството трпи одредени штети поради климатските промени.

Ги прашавме сточарите дали веќе го поскапеле сирењето, ако не се, кога тоа ќе се случи и колку ќе изнесува цената. Производители на сирење од Малешевијата велат дека секој ќе си одлучи по која цена ќе го продава сирењето, но тие размислуваат дали нагло зголемување на цената може да ја намали пробарувачката.

„Секој си знае за себе, за колку пари се исплати да го продава сирењето. Јас ако го покачам, тоа ќе биде во октомври или ноември и тоа за 50 денари по килограм, а сега цената е 500 денари за килограм. Од тоа живееме. Овде во Берово нема некој избор за работа, луѓето или ќе работат со сточарство или ќе заминат во странство“, вели беровчанец.

Друг беровчанец веќе ги продал залихите со сирење и планира идната година да ја зголеми цената.

„Сега цената е 550 денари за килограм. Ќе видиме колку ќе зголемиме, засега не знам точно. Јас имам редовни муштерии, си бараат квалитет и за цената не верувам дека ќе прават проблеми, за другите сточари не знам. Годишно произведувам по 2.000 тони сирење“, вели Трајче од овој крај.

Ги прашавме за мислење и сточарите од западниот дел на државата дали ќе го поскапат сирењето.

„Јас овците ги продадов, затоа што еден човек не може да се грижи за 150 грла, а овчари тешко се наоѓаат, но како што зборуваат сточарите, сирењето ќе поскапи, а колку ќе биде тоа би требало да се договорат меѓу себе“, рече Садо Мустафовски од Жупа.

Ѓоко Китановски од селото Гари вели дека наскоро сирењето ќе има нова цена.

„Сигурно ќе поскапи, затоа што сè поскапе. По 15 септември веќе нема да има овчо сирење под 600 денари за килограм. Мене најголем дел од купувачите ми се од Скопје“, додава Китановски.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close