Мицкоски: Владата нема да прогласи кризна состојба во земјоделието
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали владата треба да прогласи елементарна непогода во земјоделието како што бараат од Националната мрежа на земјоделци.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали владата треба да прогласи елементарна непогода во земјоделието како што бараат од Националната мрежа на земјоделци, истакна дека владата нема да го направи тоа бидејќи таму се уште го нема каналот како да се потпишуваат договори во четири очи и да се крадат граѓаните.
„Тие нема да прогласат кризна состојба во земјоделието затоа што се уште таму го нема каналот како да се потпишуваат договори во четири очи и како и на кој начин да може да се крадат граѓаните, а тоа може да биде она ако се сеќавате, енергетска кризна состојба која што се уште е актуелна. Зошто? Затоа што е потребно некој да увезува во државата јаглен, некој треба да копа во РЕК Битола, па да се договараат мултимилонски тендери во четири очи, провизиите точно се знае кај кого се исплаќаат и како се исплаќаат, која е количината итн. Е тоа за земјоделците не важи. Не важи за земјоделците од Пелагонија коишто не можат пченицата нормално да ја продадат по онаа цена по која што нив ги чини да ја произведат, односно ја продаваат за двојно пониска или пак скапува во амбарите, истакна Мицкоски.
Тој исто така потенцираше дека состојбата во земјоделието е катастрофална низ целата држава и додаде дека позитивна работа во целата оваа ситуација е што за неколку месеци ќе дојде влада на ВМРО-ДПМНЕ која има намера сериозно да се занимава со земјоделците и земјоделието како еден од првите приоритети.
„Во Росоман и праската и кајсијата но и останатите земјоделски производи скапуваат на нивите, затоа што системот за наводнување кај сифонот Макарија не функционираше повеќе од еден месец и за жал тоа има огромна штета за земјоделците од тој крај. Ниска е откупната цена за раноградинарските производи, катастрофална е состојбата во ресенско со јаболкото оризопроизвоодителите исто така се на колена. Една сеопшта катастрофа која што се случува, системот за наводнување низ Источна Македонија не е исчистен, не се вложува. Така што имаме една катастрофална состојба која што шест години ги има затекнато земјоделците и со право луѓето се револтирани“, нагласи мицкоски и додаде:
„Она што е добро во целиот овој процес е што за неколку месеци од денес, владата на ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и во иднина има сериозна намера да се занимава со земјоделците“.