fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Откупната цена на ајварката ќе биде 50 денари

Проценка на земјоделците е дека откупната цена на индустриската пиперка, која се користи за подготовка на ајвар, ќе биде околу 50 денари.

Во пресрет на периодот кога, по традиција, во Македонија се подготвува зимница, проценка на земјоделците е дека откупната цена на индустриската пиперка, која се користи за подготовка на ајвар, ќе биде околу 50 денари. Земјоделците посочуваат дека овој износ ќе биде поголем во малопродажбата и ќе зависи од висината на маржата што ќе ја определат трговците.

Производителите на градинарските култури засега не очекуваат промена на цените на доматите, пиперките и краставиците, кои сега се продаваат за суми од 70 до 100 денари, но, сепак, оставаат простор за евентуални измени.

Производителите на раноградинарски култури, како и на пченица и на јачмен произведени под контролирани услови, деновиве добија три нови мерки за поддршка. Како што посочуваат, на овој начин се надоместува разликата помеѓу производната и продажната цена за периодот кога беше актуелна владината мерка за замрзнување на цените на овошјето и на зеленчукот.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close