fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Шест литри млеко за килограм сирење-сточарите за џабе работат

Производството на млеко во Пелагонија драматично се намалува поради ниските откупни цени

Производството на млеко во Пелагонија драматично се намалува поради ниските откупни цени, а сточарите ги продаваат кравите затоа што трошоците им се поголеми од добивката. Наспроти евтината суровина, постојано поскапуваат сирењето, кашкавалот, урдата и другите млечни производи.

ТРОШОЦИТЕ СЕ МНОГУ ГОЛЕМИ. ЕДЕН КИЛОГРАМ КАШКАВАЛ Е 800 ДЕНАРИ, А КИЛОГРАМ СИРЕЊЕ ОД 500 ДО 600, А НАС НИ ГО ОТКУПУВААТ СУРОВОТО МЛЕКО 31 ДЕНАР, ВЕЛИ ТОНИ ПЕТКОВСКИ , СТОЧАР ОД ВЕЛУШИНА.

Земјоделците уверуваат дека поскапувањето се крие во маржите на трговците и откупувачите. Велат ако за еден килограм сирење се потребни 6 литри млеко, тогаш јасно е кој го собира кајмакот.

ВАКВИОТ ДИСБАЛАНС Е ПОРАДИ ГОЛЕМАТА ЗАРАБОТКА НА ТРГОВЦИТЕ И ОТКУПУВАЧИТЕ. ШЕСТ ЛИТРИ МЛЕКО ПО 30 ДЕНАРИ Е 180 ДЕНАРИ, ШТО ЗНАЧИ СИРЕЊЕТО ВО ПРОДАВНИЦА ТРЕБА ДА Е МАКСИМУМ 350 ДЕНАРИ, ВЕЛИ ПЕТКОВСКИ.

Сирењето и кашкавалот за граѓаните стануваат недостижни и ги купуваат на грамови.

ЦЕНАТА НА СИРЕЊЕТО КАТАСТРОФА. КОЈ КУПИЛ СИРЕЊЕ? АКО КУПАМ НЕКОГАШ МАЛО ОД 100 ГРАМА, ВЕЛИ ГРАЃАНКА.

Млекопреработувачите пак велат дека цените на млекото лани биле повисоки за 15 до 20 проценти, а на тврдите млечни производи од 5 до 8 проценти. Откупната цена пак, велат, е најскапа во регионот.

ОД ЛАНИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД ДО СЕГА ИМА ПАД НА ЦЕНИ, НО СУРОВОТО МЛЕКО НЕ ГО СЛЕДЕШЕ ТОЈ ПАД НА ЦЕНИ, ВЕЛИ ЗЛАТКО НАЈДОВСКИ, ДИРЕКТОР НА МЛЕКАРНИЦА.

Извор https://telma.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close