fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Со европски пари 30 години се поддржува земјоделието

Во изминатите 30 години поддшката на ЕУ се проценува на над 3,3 милијарди евра преку грантови и макрофинансиска поддршка, инвестиции во земјоделието што влијае врз целокупното живеење и подобрување на инфраструктурата во државата“ рече премиерот Димитар Ковачевски на трибината „Ние сме Европа“ во Скопје.

Во изминатите 30 години поддшката на ЕУ се проценува на над 3,3 милијарди евра преку грантови и макрофинансиска поддршка, инвестиции во земјоделието што влијае врз целокупното живеење и подобрување на инфраструктурата во државата“ рече премиерот Димитар Ковачевски на трибината „Ние сме Европа“ во Скопје.

Тој додаде дека влезот во ЕУ пак дополнително ќе ги зајакне позициите за нашите компании, ќе отвори нови трговски перспективи со што очекувано е да се обезбедат одржливи стапки на раст на БДП што пак во крајна линија ќе значи повеќе пари кај граѓаните и подобар животен стандард.

„БДП на ЕУ и САД е 60% од светскиот бруто домашен производ. Ги гледам денес зборуваат по социјалните медиуми, државата во БРИКС да одела. Цел БРИКС заедно е 25% од светската економија и е на 2000 километри од нас. Без никакви конекции, никакви врски и никакви инвестиции со нив. Најголемата економија, најголемиот развој, најбогатите држави се ЕУ и САД. Затоа сите граѓани сакаат таму да одат“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека ова е можно затоа што економската моќ на Европската Унија е огромнаи е над 16 отсто и дека само во 2021 година имаат направено извоз од 2,18 трилиони евра.

„Овие показатели се толку моќни затоа што Европската Унија има единствен пазар од 500 милиони луѓе, кои се определиле нивната иднина да биде базирана на европски вредности, еконмски просперитет, социјална правда и врвна демократија. Проценките велат дека ЕУ затоа што е голем пазар и земјите работат заедно, нивните економии се за 10 проценти поголеми. Тие 10 проценти преведени во приходи се 850 евра по глава на жител дополнителен приход во секоја од државата. Затоа ЕУ е цел за нашите граѓани“ рече Ковачевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close