fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бачовски: Исплатени близу 22 милиони денари од интервентниот фонд како финансиска поддршка за расадена и продадена зимска зелка

Висината на финансиската поддршка изнесува 61.000 денари по хектар за расадена зимска зелка.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата по основ на финансиска поддршка за трошоци за расадена или продадена зимска зелка.

Корисници на оваа поддршка се сите земјоделски стопанства кои во август 2022 година имаат расадено зимска зелка на отворено или имаат расадено зимска зелка на отворено и продадено зимска зелка до 15 април 2023 година од најмалку 5000 килограми на хектар.

Висината на финансиската поддршка изнесува 61.000 денари по хектар за расадена зимска зелка.

,,Оваа мерка беше цел на дискусии помеѓу институциите од секторот земјоделство и производителите, по што се утврди дека за поддршка на производителите на зимска зелка државата ќе одвои буџет до 30 милиони денари. По донесување на мерката, спроведена беше контрола на прибирање на барањата за финансиска поддршка и нивна административна обработка по што беа доставени налозите за исплата на корисниците до министерството за финансии кое денеска ги трансферираше средствата до сметките на земјоделците” – информира директорот Бачовски.

Со оваа мерка се опфатени 476 производители на зимска зелка од Валандово, Гевгелија и Струмица, а поддршката е во вредност од близу 22 милиони денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close