Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести
Следната недела почнува исплатата на тракторите преку Националната програма
Речиси една третина од земјоделците ги набавија тракторите и сега од следната недела ќе бидат исплатени 65 милиони денари кај земјоделците“, најавува Бачовски за „Зелена берза“
Според првиот човек на Платежната агенција Никица Бачовски досега над 200 земјоделците (од вкупно 730 договори), ги подигнале своите трактори преку Програмата за рурален развој. За следната недела Бачовски најавува дека ќе почне исплатата на средствата на сметка на земјоделците.
„По еден месец од доделувањето на решенијата, веќе имаме барања од земјоделците за исплата на тракторите. Речиси една третина од земјоделците ги набавија тракторите и сега од следната недела ќе бидат исплатени 65 милиони денари кај земјоделците“, најавува Бачовски за „Зелена берза“