fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Пожар утрово избувна во објект за земјоделски производи кај Градскиот пазар во Охрид

Предизвикана е материјална штета. Причината за пожарот се уште не се знае.

Пожар утрово избувна во објект за земјоделски производи кај Градскиот пазар во Охрид . Според информациите од командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски опожарениот објект е изгорен целосно и предизвикана е само материјална штета, нема повредени лица.

Пожарот утрово беше во објект каде се продаваат земјоделски производи, опожарен е целосно и до него двете тенди. Пожарот се случи нешто по 4 часот утринава. Предизвикана е материјална штета. Причината за пожарот се уште не се знае. Интервенирано е од ТППЕ Охрид со две возила и четворица пожарнинкари, вели Јанкулоски.Увид на терен утрово вршат екипи од крим техника при СВР Охрид.

https://www.ohridnews.com/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close