fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Дизелот поскапува за 2 и пол денари по литар-еден литар ќе чини 83,50 денари

Бензините поскапуваат за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на горивата во просек за 2,19%.

Цените на „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ се зголемуваат за по 1 денар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 88 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 90,50 денари.

Според одлуката на РКЕ дизелот ќе поскапи за 2,50 денари и еден литар ќе чини 83,50 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 83 денари за литар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close