fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Првите антикризни мерки во ноември, во фокусот ранливите категории граѓани

Планираните 75 милиони евра од државната каса ќе бидат за помош на граѓаните за заштита од ценовните шокови, а не антикризни мерки за трговците, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Планираните 75 милиони евра од државната каса ќе бидат за помош на граѓаните за заштита од ценовните шокови, а не антикризни мерки за трговците, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според него неосновани се барањата на стопанството да се вклучи во консултациите и реакциите дека немаат информации каков е владиниот план за пренамена на овие пари. Деталите од пакетот тој не ги откри, но најави дека првите мерки ќе стапат на сила од ноември.

-Антикризните мерки не се носат за трговците, за да нешто некој некаде калкулира. Антикризни мерки ќе се донесат за граѓаните, да им се помогне на тие кои најмногу денес им е потребно. Сакаме да се справиме со последиците затоа што причините институционално ќе ги решаваме. Последиците се тие, денес штетата најголема ја трпат крајните корисници и затоа сметаме дека треба таму да се насочиме со мерки, – Фатмир Битиќи – вицепремиер за економски прашања.

Во меѓувреме Битиќи вели дека Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе истражува дали има кланско здружување за формирање на високи цени и дали се прават злоупотреби кои влијаат на крајните цени за потрошувачите. Иако тие проверки е можно да траат долго, можеби и цела година, вицепремиерот е оптимист дека самиот почеток може да даде резултати. За оваа тема денеска имал состанок со претседателот на Комисијата, Владимир Наумовски.

-Ние не прејудицираме или алудираме дека има кланско здружување, но сметаме дека има одредено договарање на одредени трговци и други чинители коишто нанеле штета. И сметам дека тоа може да се поправи при самото постапување на Комисијата за заштита на конкуренцијата, ништо друго,- Фатмир Битиќи – вицепремиер за економски прашања.

По најавите дека во земјава ќе има млечна криза, Битиќи најави дека денеска на владина седница ќе се разгледува можноста да се донесе одлука за недостиг на млеко и кризна состојба во млечната индустрија за во следниот период да можат да се реорганизираат производителите и преработувачите на млеко.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close