fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Поскапуваат дизелот и бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 86, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85 денари за литар. Со одлуката на РКЕ не се менуваат цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС  и тие и понатаму остануваат 90,5 денари за литар, односно 47,304 денари за килограм.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close