fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Црногорските лозја ги берат сезонски работници од Индија

Причина за ангажирање сезонски работници од Индија, што изненади многумина, е недостигот на сезонски работници од регионот, пишува „Дан“.

Црногоската државна компанија „Плантаже“ ангажираше 40 сезонски работници од далечната Индија за потребите на бербата на грозје, која е во тек. Причина за ангажирање сезонски работници од Индија, што изненади многумина, е недостигот на сезонски работници од регионот, пишува „Дан“.

„Досега делумно го решававме проблемот со работната сила со ангажирање работници од земјите од регионот Србија, БиХ и Северна Македонија. Со оглед на тоа што нема доволно интерес за ваков вид на работа од страна на домашната работна сила, како и работната сила во околината, ‘Плантаже’, како и другите работодавачи, се принудени да бараат работна сила надвор од границите на регионот, со цел да се обезбеди континуиран производствен процес, кој е приоритет на бизнисот. Годинава за прв пат имаме интерес од работници од азиските земји. Околу 40 лица од Индија во моментов се во процес на добивање на потребните дозволи за привремен престој и работа“, соопштија од „Плантаже“.

Со работници од странство, без разлика од каде доаѓаат, „Плантаже“ редовно склучува договори за работа.

„Платите се исплаќаат по учинок, по нормативи со цени на трудот за секое работење, со кои вработените се однапред запознаени. Покрај редовните исплати на плати, ‘Плантаже’ како работодавач на работниците им обезбедува три оброка и бесплатно сместување, како и трошоци за превоз“, наведуваат од „Плантаже“.

Оваа државна компанија првенствено се занимава со земјоделска дејност и е најголем производител на грозје и вино во овој дел од Европа. Имајќи предвид дека земјоделството е сезонска дејност и дека работите во лозјето, во конкретниот случај најголемото лозје во еден комплекс во Европа, во зависност од агротехничкото работење, се врши периодично во текот на целата година, соодветно на потребите за ангажирање сезонска работна сила,, пренесе „Банкар“.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close