fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски-Го придвижуваме руралниот развој во шумарството, согласно европските насоки и позитивни искуства

Во моментов во фаза на подготовка е новиот закон за шумите

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваше и ја отвори манифестацијата  Форест Фест Берово. На насатнот присуствуваа и градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевески, градоначалникот на Пехчево, Алексанадар Китановски, директорот на ЈУ Национален парк Маврово, Самир Ајдини, претставници од секторот шумарство и национални паркови, претседателот на Националното здружение на сопственици на приватни шуми, Војо Соколов, сопственици на приватни шуми и експерти-предавачи од Словенија, Хрватска и Бугарија, како земји членки на Европската Унија.

Форест Фест е манифестација, која прераснува во традиционална. Министерството   за   земјоделство,   шумарство   и водостопанство и овој пат го поддржа овој настан, како една од 67-те локални манифестации кои се финансирани од Програмата за рурален развој.

„Фокус на овогодинешниот Форест Фест се програмите за поддршка на руралниот развој, каде што планираме и сопствениците на   приватни   шуми   да   ги   вклучиме   како   целна   група,   за   помош   и поддршка преку соодветни субвенции. За таа цел, добро би ни дошле сите доктринарни искуства и добри практики од земјите од регионот, како   што   се   Словенија,   Хрватска,   Бугарија   и   други,   кои   би   биле применливи во моментот и кај нас. И овој пат Националното Здружение на   сопственици   на   приватни   шуми,   се   покажа   како   многу   важен фактор  во креирање на шумарските политики  во  Македонија и  ова е само мал придонес како да го придвижиме руралниот развој во шумарството, во правец на европските насоки и позитивни искуства, кои се пак многу важен дел за нашите темелни заложби за придружување кон  Европското семејство“ посочи министерот Николовски.

Во рамките на настанот, се одржаа и повеќе едукативни работилници кои беа презентирани од врвни експерти од областа на шумарството во Словенија, Хрватска и Бугарија, како и експерт од Европската комисија. Темите на работилниците беа во насока на хармонизација на новиот закон за шуми кој се креира по европски терк, и искористувањето на европските фондови и националните програми за поддршка на шумарството, приватните сопственици на шуми и националните паркови.

Подобрувањето на состојбите во шумарството е една од стратешките цели на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Северна Македонија за остварување на европската заедничка зелена агенда за климатски неутрална Европа.

Во моментов   во   фаза   на подготовка е новиот закон за шумите, во кој ќе бидат вградени токму овие цели, за помош и поддршка на руралниот развој во шумарството, кои би биле исполнување на уште еден предуслов со цел да го намалиме  трендот   на  иселување   на   младите   од   руралните средини и да им овозможиме на сите државни и приватни сопственици на шуми полесно да ги управуваат шумите, по примерот на земјите членки на Европската Унија.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close