Агро бизнисБез категоријаВестиВкусот на традицијатаМакедонијаРурален туризамРурална ЖенаТоп вести
“Незаменливиот вкус на традицијата“ на 5 октомври во Битола
„Зелена берза“ како организатор на настанот ве поканува на 5 октомври (четврток) во 15 часот на саемот за храна во Битола
Манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“ во организација на ЗЕЗ „Зелена берза“ -Битола продолжува да живее!
Македонската храна и автентичните вкусови за овие простори споени во нашата традицијата продолжуваат да се пренесуваат од генерација на генерација, а во тоа свој значаен удел има на манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“.
„Зелена берза“ како организатор на настанот ве поканува на 5 октомври (четврток) во 15 часот на саемот за храна во Битола, во просториите на „Синпекс“ Битола на улица Индустриска бб.
Со оваа манифестација се дава придонес во зачувувањето на нашите традиционални вредности од заборав.
Учесници се производители на храна и преработка на земјоделски производи.
Со почит Ваша Зелена берза