Агро бизнисБез категоријаВести
Приведен жител на Дебреште кој дома чувал оружје
Полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.И.(53) од с.Дебреште
На 26.09.2023 во с.Дебреште, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.И.(53) од с.Дебреште. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7.65 мм, рамка за пиштол калибар 7.65 мм и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.