fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Владата ги намали давачките за царина за увоз на земјоделски производи

Од 65 отсто висината на царините се намалуваат на 10 отсто.

Владата донесе одлука за намалување на царинските давачки за увоз на најголемиот дел од овошјето и зеленчукот. Од 65 отсто висината на царините се намалуваат на 10 отсто.

Одлуката нема да важи за доматите, краставиците и пиперките се со цел домашните производители да имаат поконкурентнји цени од оние кои ќе стасаат од странство. Министерот за економија за ТВ 24 вели дека зголеменио се квотите за увоз на јушното овошје со што се очекува во периодот што следи да дојде до намалување на цените на овие производи.

„Зголемениот извоз не е самоп заради зголеменото производство, туку зголемениот извоз е заради тоа што тоа е наменето за нашиот пазар се продава надвор од државата. И тука ние двапати губиме како држава, прво затоа што сме обврзани тој недостаток да го покриваме преку увоз.“ – рече Крешник Бектеши министер за економија.

Во последниве седум дена оваа е трета мерка која владата ја донесе со цел намалување на ценовните шокови. По храната и пијалаците денеска на ред дојдоа и овошјето и зеленчукот. Ваквите мерки според економистот Бранимир Јованович се изрджани, но тој се сомнева дека ќе дадат резултат бидејќи според него тие се задоцнети. Јовановиќ апелира мерката да не важи до 30ти ноември, туку да биде подолгорочна за да не може компаниите да калкулираат нови повисоки цени веднаш по завршување на мерката.

„Цените нема никогаш да паднат. Оваа мерка ќе направи инфлацијата да се намали, ако сега е осум ќе падне на седум па на шест отсто, ама нема да ги намали цените. Ако се земе вкупната потрошувачка кошничка која сега изнесува околу 50 илјади денари таа нема да се намали. Се што може да се направи е таа да стои на 50 илјади денари ама никако да се намали. Оваа мерка не е доволна туку е потребна.“ – вели Јовановиќ.

Информациите од Државниот пазарен инспекторат велат дека и денеска инспекторите затекнале непочитување на мерката од страна на трговците и пломбирале уште неколку дуќани, откако викендов пазарна затвори неколку ланци на поголеми маркети поради обид за манипулации со цените во продажбата на мало.https://24.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close