fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

ВИДЕО-Земјоделците незадоволни од владината одлука да се намали царината за зеленчук и овошје

Увозните давачки од 65 се намалени на 10% за оризот, брокулата, карфиолот, морковите, тиквичките и кромидот.

Новата Владина мерка за намалување на царинските давачки за увоз на зеленчук и овошје наиде на критики од страна на земјоделците од Националната мрежа на земјоделци. Сметаат дека граѓаните ќе купуваат поевтини земјоделски производи од соседните земји, но со лош и сомнителен квалитет.

Од оваа мрежа на земјоделци сметаат дека ова ќе предизвика и намалување на производството на домашен зеленчук и ориз. Каракашев забележува дека со  увозот на зеленчук и млеко со сомнително потекло кои ги имаше во изминатите неколку месеци им дава за право да се сомневаат во она што ќе се увезува.

Увозните давачки од 65 се намалени на 10% за оризот, брокулата, карфиолот, морковите, тиквичките и кромидот. Од крајот на декември до крајот на февруари намалена ќе биде царината  за доматите, пиперките и краставиците, објави Телма.

Викторија Јованова

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close