fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Пензионерите наместо најавените 6,8 отсто добија покачување од 5,3 отсто

Пензионерите затечени

Наместо 6, добија плус 5,3 отсто. Пензионерите денеска ги добија новите, покачени пензии. Но, зголемувањето не е според ветеното од пред два месеци, кога на пензионерите им беше најавено дека со усогласувањето на пензиите, ќе добијат покачување од 6 отсто.

Од Министерството за труд велат дека ова зголемување е второ годинава и е соголасно методологијата за раст на пензиите, според која 50 отсто отпаѓа на зголемените трошоци за живот, а другата половина на на порастот на просечната плата.

– Процентот на зголемување на пензиите се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи.Согласно оваа методологија и податоците од Државниот завод за статистика, пензијата за месец септември е зголемена за 5,3%.

Пензионерите се затечени и велат дека Владата не си го одржала ветувањето ниту за усогласувањето, а камо ли за нивните барања, кои сега се променети. Откако неколку месеци протестираа барајќи линеарно по 3500 денари плус, сега бараат зголемување од 6000 денари за сите пензионери и минимална пензија од 20 илјади денари.

Од друга страна, невладини организации кои се занимаваат со економски прашања, во своите анализи предупредуваат дека Фондот за пензиско е во дефицит од 33 отсто и секое зголемување на пензиите надвор од законското усогласување може да ја зголеми дупката во Фондот. Експертите пак велат дека само со зголемување на продуктивноста, ќе се зајакне и самоодржливоста на Фондот и ќе се овозможи повисок раст на пензиите.

Според новото зголемување, оние кои имаат најниски пензии сега ќе добијат зголемување од околу 600 денари, а кај оние со највисоки примања, ќе добијат по околу 3600 денари плус. Во месец март пензиите беа зголемени за 8,4 и заедно со 5,3 отсто сега, покачувањето за годинава изнесува вкупно 13,7 отсто. Незадоволни од ова, пензионерите најавуваат дека нема да престанат со протестите и блокадите, пренесува Тв 24 вести .

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close