fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Осумдесет и шест компании ќе добијат вкупно 4,4 милиони евра за иновативни идеи и креативни решенија

Вкупно 4,4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија преку јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој. 

Вкупно 4,4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија преку јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој.

– Семејството на ФИТР  се зголемува за 86 нови претпријатија и со оваа бројка, портофлиото на ФИТР брои 1.153 кофинансирани проекти кои реализирале, реализираат или ќе започнат со реализација со проекти во вкупна вредност од 130 милиони евра. Ова е јасен показател дека Фондот за иновации и технолошки развој е вистински дом за сите микро, мали и средни претпријатија кои имаат иновативни идеи и креативни решенија и драго ми е што од денеска заеднички започнуваме со ново претприемничко патување за кое сум убеден дека ќе резултира со голем успех, истакна директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Фестим Халили.

ФИТР ќе кофинансира 4,4 милиони евра, а корисниците ќе инвестираат 2,7 милиони евра за реализација на проектите.

Најголем број од претпријатијата кои победија на конкурсот се микро (48 отсто) и мали претпријатија (48 отсто), додека четири отсто се средни претпријатија. Компаниите ќе работат на проекти од информатичката технологија, здравството, технолошката индустрија, земјоделството, угостителството, текстилната индустрија, градежништвото, машинството, образованието, маркетингот, итн.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close