fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Мицкоски: Потребна ни е поддршка од граѓаните за реформите во земјоделието

Треба да има стратегија за житото, за пченицата, за јачменот, да има загарантирана цена, посочи земјоделец од село Сујаклари.

Тргнавме во една теренска акција која што ја именувавме како Важно е! Од сите нас зависат промените. Цениме дека состојбата ваква каква што е во Македонија, не е добра Македонија гледаме како се движи во погрешна насока, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со земјоделците од Велес во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

На средбата претседателот Мицкоски ги слушна проблемите со кои се соочуваат земјоделците.

Ѓубрињата се скапи, препаратите се скапи. Треба да има стратегија некоја за жито, за пченица, за јачмен, да има загарантирана цена, посочи земјоделец од село Сујаклари.

Визбите кога ни прават договор, не уценуваат препаратите да ги земеме од нив. И можеби знаете, можеби не, тоа ни доаѓа многу скапо. Ние треба да купиме овој период нафта, ѓубре, да посееме за да имаме за другата година жетва. Нафтата од 60 на 110 денари, а житото е никаде. И тоа не вреди, рече една земјоделка.

На секоја картичка има име и презиме, чип од Макпетрол, плико, писмо, процедура, луѓето ги малтретираат да ги подигаат. Нека се покачи субвенцијата и завршена работа. Плус тоа кога стасуваат картичките не се за сите, имаме дупли проблеми, зошто за мене нема, а зошто за овој има, изјави еден земјоделец и додаде дека субвенциите се намалиле од 2800 денари на 1400 денари.

Имаме и друг проблем. Еве субвенциите ни ги намалија од 2800 денари на 1400 денари и да се види тој проблем и како полесно кога би имало земја да можеме да ја земеме.

Мицкоски нагласи дека земјоделството е уназадено, а земјоделците се манипулирани од актуелната власт, порачувајќи дека потребна е поддршка од страна на земјоделците за ВМРО-ДПМНЕ се со цел да имаат повеќе пратеници на следните избори за како што рече да можат да ги реализираат реформите и проектите.

Цениме дека предолго време тапкаме или уназадуваме. И предолго време се зборува невистина и предолго време луѓето се манипулирани, за да функционираат институциите потребни се реформи, имаме план. Но, за да ги спроведеме тие реформи ни требаат пратеници, колку повеќе пратеници, мнозинство јас би сакал, толку полесно ќе ги спроведеме тие реформи – додаде Мицкоски.

Претседателот Мицкоски вети и поголема поддршка од централната влада кон општините во износ од 250 милиони евра за инфраструктурни проекти кои што ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има голема поддршка во многу инфраструктурни проекти во Велес. Ние планираме да реалоцираме некаде околу 250 милиони евра од централниот буџет кон општините. Од тие средства за еден четиригодишен мандат овде во Велес ќе бидат реалоцирани помеѓу 24 – 26 милиони евра, односно по 6 -6,5 милиони евра годишно, што цениме дека е навистина важно. Проектите веќе ги детерминиравме, ги определивме. И како идна влада ВМРО-ДПМНЕ има намера да се посвети во работата и во испораката кон општините, од владата кон општините. Се разбира тука се политиките пред се за земјоделците – вели претседателот Мицкоски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close