fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Приведени дрвокрадци од село Бучим

Дрвокрадците од Радовиш спремни за зимата

На 10.10.2023 во 16.35 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Е.Г.(35) и С.И.(41), двајцата од село Бучим, радовишко, поради сомнение дека сториле кривични дела „пустошење на шума” по член 226 и „фалсификување на знаци за обележување на стоки, мери и тегови” по член 272 од Кривичниот закон.

На 09.10.2023, комисија од Јавно претпријатие „Национални шуми”, подружница „Плачковица” – Радовиш извршиле увид на товарно возило „фиат дукато” со радовишки регистарски ознаки, сопственост на Е.Г., кое било натоварено со огревни дрва означени со жиг, а претходно било одземено од полициски службеници од ОВР Радовиш. При контролата било констатирано дека жигот поставен на овие дрва е фалсификуван.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close