Агро бизнисБез категоријаВести
Министерот Николовски во Брисел на билатерални средби за Поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој
Поглавјето за Земјоделство и Рурален Развој опфаќа голем број на обврзувачки правила кои се директно применливи.
Делегација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) предводена од министерот Љупчо Николовски, оваа недела во Брисел ќе одржи повеќе билатерални средби помеѓу Европска Комисија и Северна Македонија, за поглавјето 11 – земјоделство и рурален развој, соопшти вечерва МЗШВ.
Пристапните преговори во Земјоделството се претежно фокусирани на процедурите за идните директни плаќања, поддршка на руралниот развој и потребата од преодни мерки кои ја олеснуваат интеграцијата на земјата во Европската унија. Поглавјето за Земјоделство и Рурален Развој опфаќа голем број на обврзувачки правила кои се директно применливи.