fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Измени во данокот на моторни возила

Поголеми давачки за луксузните автомобили

Владата на седница денеска усвои измени на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила поради потребата од примена на нова методологија за пресметување на износот на издувните гасови од моторните возила, што е во насока на заштита на животната средина, исполнување на обврските од потпишаниот Климатски договор од Париз за намалување на нето-емисијата на стакленички гасови, како и усогласување со најновите ЕУ стандардите.

Новата метода, која се заснова на мерење емисијата на издувни СО2 гасови во реална околина, претставува глобално усогласена постапка за испитување на нивото на емисија на јаглерод диоксид од моторните возила која е во задолжителна примена во ЕУ за сите новопроизведени возила од 2022 година, а истата овозможува подиректно поврзување на данокот на моторни возила со негативните екстерналии предизвикани од емисијата на CO₂ од возилата.

Со пропишување на оваа метода во Македонија, се овозможува новите патнички моторни возила да бидат соодветно оданочени, и тоа согласно вредностите на просечната емисија на CO2 изразени во потврдата за сообразност за ЕУ одобрување на возилото (Certificate of conformity-COC) според WLTP методата.

Што се однесува до половните патнички моторни возила, негативно финансиско влијание може да се забележи исто така кај возилата од полуксузните категории, како и кај многу старите возила. И во двата случаја – при набавка на нови или половни возила, Уредбата ќе се ефектуира врз износот на данокот на моторни возила кај возилата кои спаѓаат во групата на најголеми загадувачи со високи емисии на издувни СО2 гасови, а кои во земјава се увезуваат во помал број.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close