fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Кој му направи „смути“ на Фруктал Мак?

Најголемата македонска компанија за производство на природни овошни сокови во првите девет месеци годинава книжи 800.000 евра помал извоз во споредба со истиот период лани.

Фруктал Мак годинава се соочува со забележлив пад на продажбата при што особено е видливo драстично намалување на извозот во првите шест месеци годинава. Сепак работите се менуваат на подобро во последните три месеци, сликата драстично позитивно се менува и извозот драматично расте и речиси се дуплира. Заради тој извоз во периодот јули-септември добивката на компанијата е двојно повисока профитот во првите 90 дена. Сепак разликата во профит е драстична и добивката на крај на септември годинава е 64% помала од реализацијата во истиот период 2022 година

Најголемата македонска компанија за производство на природни овошни сокови во првите девет месеци годинава книжи 800.000 евра помал извоз во споредба со истиот период лани. Ова е клучниот причинител на намалената добивка на ова друштво годинава во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалниот неревидиран финансиски извештај на периодот јануари-септември.

Заклучно со септември вкупната продажба на „Фруктал Мак“ изнесува 5,55 милиони евра што е за 18 отсто послаб резултат од истиот период минатата година. Во структурата на продажбата поголема ставка е извозот кој извозот кој изнесува безмалку 3 милиони евра, наспроти домашната продажба чија реализација за овие девет месеци е 2,6 милиони евра.

Паралелно со падот на приходите од продажба кај Фруктал Мак во првите девет месеци се намалени и оперативните трошоци. Тие се сведени на 5 милиони евра што е за 16 отсто помалку во споредба со претходната година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close