fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

За шест години финансиската поддршка кон домашните компании е зголемена за 11 пати

Преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите од неговото воведување до денес, поддржа 919 фирми со 100 милиони евра, а за период од шест години финансиската поддршка од државата кон домашните компании е зголемена за 11 пати што е, оцени, огромен економски стимул за компаниите.

Со замрзнување на цените на основните прехранбени продукти и нивното намалување преку обезбедување „гарантирана цена“ на производите, како и со владината одлука за допрецизирање на повластената стапка на ДДВ од пет проценти за најголем дел од основните прехранбени производи, кои се 1.650 на број, создадовме предуслови за да ја намалиме инфлацијата на пет отсто до крајот на годината, што сметам дека е остварливо од оваа перспектива и од аспект на мерките кои ги носиме, рече премиерот Димитар Ковачевски по посетата на компанијата „Мис Глобус ДОО“.

Ковачевски, кој беше придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши, ги презентираше владините мерки за приватниот сектор кои им овозможуваат на компаниите, како што истакна, да го модернизираат и зголемуваат производството и истовремено да имаат и пониски производствени трошоци.

Владата, потенцира премиерот, е партнер на компаниите. Преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите од неговото воведување до денес, поддржа 919 фирми со 100 милиони евра, а за период од шест години финансиската поддршка од државата кон домашните компании е зголемена за 11 пати што е, оцени, огромен економски стимул за компаниите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close