fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ленче Николовска со порака до земјоделците-Имате обврска да барате од сите пратеници да се забрза процесот на евроинтеграција, тоа е најважниот процес за вас!

Милијардите евра кои се одвојуваат за земјоделството, или 1/3 од Буџетот на Унијата е решението за сите мерки за младите земјоделци, руралните жени, за агрокомплексот, за инфраструктура во селата, за модерен живот во руралните средини.

Заврши скринингот за Поглавје 11 – Земјоделство и Рурален развој и ќе бидам многу директна – Земјоделци, имате обврска да барате од сите пратеници да се забрза процесот на интеграција со Европската Унија, работата е сериозна и тоа е најважниот процес за вас!

Тоа што овде, во Брисел имав прилика да го слушнам, само уште еднаш ми потврди дека ние и немаме избор дали сакаме да бидеме дел од ЕУ, туку мораме. Милијардите евра кои се одвојуваат за земјоделството, или 1/3 од Буџетот на Унијата е решението за сите мерки за младите земјоделци, руралните жени, за агрокомплексот, за инфраструктура во селата, за модерен живот во руралните средини.

Нашата администрација покажа подготвеност за овој комплициран процес на прилагодување на македонскиот аграр со Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Предводени од Секретаријатот за европски прашања – тимот од МЗШВ, Платежната Агенција и Државниот инспекторат за земјоделство ја презентираа моменталната состојбата во секторот, без ракавици, како што се разговара со најдобри пријатели со цел заеднички да се изнајдат најдобрите решенија.

Но администрацијата може да го сработи својот дел само ако се создадат услови и тоа заедно со земјоделците и луѓето од агросекторот кој треба гласно па дури и алармантно да побараат да нема опструкции на овој европски пат. Никој нема право да ги држи подалеку од достоинствен живот и работа.

Во овој преговарачки процес државата треба да побара помош од сите што имаат искуство и знаење од оваа област. А имаме многу квалитетни и спремни земјоделци, агробизнисмени, експерти кои можат да дадат свој придонес. Треба да се лоцираат и да се повикаат на помош. Ова е државничка работа која не трпи никакви партиски и лични амбиции, туку само знаење и ангажман на најдобрите за успешност на евроинтеграцискиот процес.

Јас верувам во овој процес и во визијата на многу како мене кои сакаат да ги видат земјоделците, привилигирани, богати и задоволни од својата работа, а македонскиот аграр дел од Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Шансата е дадена!

Ленче Николовска

agrotim

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close