fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сушата ја доцни сеидбата на житните култури во штипско и овчеполието

Видео - Цената од 9 до 11 денари за килограм јачмен и пченица е нереална

Земјоделците од штипскиот и овчеполскиот регион интензивно ги подготвуваат нивите за сеидба на пченица и јачмен, но поради немање на дожд, лошите временски услови само 50 отсто од површини се подготвени за сеидба на житните култури.

Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека за доцнењето на сеидбата влијае и тоа што дел од житото од годинашнава реколта стои складирана поради ниската откупната цена.

Од Националната мрежа на земјоделци пак додаваат дека цената од 9 до 11 денари за килограм јачмен и пченица е нереална, а според пресметките на Земјоделскиот институт, производната цена е повисока од откупната.

Каракашев од Националната мрежа вели дека реагираат и тоа што е и зголемен надоместокот за вода за наводнување на површините, со што сите земјоделци имаат дополнителни трошоци.

Како мерка за спас на македонската пченица бараат да се запре увозот на странско жито и дополнително да се поддржи домашното земјоделско производство.

Според првичните проценки на земјоделци, доколку не се зголеми откупната цена на житото и не се интервенира од страна на државата се очекува да бидат за 20 отсто намалени површините под пченица и јачмен.https://telma.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close