fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски ќе го потпише договорот за ангажирање на консултатнтска фирма за изработка на физибилити студија и основен проект за изградба на логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје

Откупните центри во Струмица и Ресен ќе с еправат со пари од Светска банка

Денес со почеток од 13 часот во салата за состаноци при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Љупчо Николовски ќе го потпише договорот за ангажирање на консултатнтска фирма за изработка на физибилити студија и основен проект за изградба на логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје.

Изградбата на логистичко-дистрибутивна платформа е значајна капитална инвестиција, која заедно со изградбата на двата откупни центри во Струмица и Ресен имаат за цел да се олесни дистрибуцијата на храна и пристапот до пазарот на големо, како и поврзаноста со балканскиот регион.

Капиталниот проект за изградба на логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје и откупните центри во Струмица и Ресен се реализира преку Проектот за модернизација на земјоделството со финансиска поддршка од Светската банка.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close