fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Велешка Маслодајна бара сончогледот да се тргне од листата на луксузни производи

Повисока цена од оваа што земјоделците ја добија, не можеме да им исплатиме. Таа е повисока дури и од Србија, која е огромен производител на сончоглед“, кажа Горан Лазов, директор на АК Кристал 1923.

Велешка Маслодајна бара сончогледот да се тргне од листа на луксузни производи, откако ДДВ за оваа индустриска култура Владата го покачи од 5 на 10 отсто. Со оваа одлука фабриката како единствен произведувач на масло за јадење од суровина сончоглед, ќе работи нерентабилно и затоа бараат да се преиспита.

„Од сончогледот произведуваме масло за јадење кој е стратешки прехранбен производ. Повисока цена од оваа што земјоделците ја добија, не можеме да им исплатиме. Таа е повисока дури и од Србија, која е огромен производител на сончоглед“, кажа Горан Лазов, директор на АК Кристал 1923.

Цената на сончогледот во Македонија е 333 евра по тон, а во Србија 320 евра. Таа е лимитирана и од цената на маслото за јадење. Лани пролетта еден литар чинеше 170 денари, а сега 72 денари. Па затоа и цената на сончогледот како култура падна од 37 денари за килограм лани на 20,7 годинава.

„Кристал 1923“ неколку години континуирано работи на враќање на сончогледот на македонските полиња.И земјоделците кои одгледуваа сончоглед покажаа незадоволство од цената. Побараа Владата да исплати помош од интервентниот фонд.

„Бараме да се исплати 6 до 7 денари за килограм. Оваа година е катастрофална и по род и по цена. Имавме во прво време кога сеевме дождови, кална земја, па суша кога зрееше,за на крај да имаме мал род, Со вакви климатски промени, цени, род, прашање е дали ќе продолжиме да одгледуваме сончоглед“, вели Сашо Петровски земјоделец од Пелагонија, во името на производителите.

Годинава Маслодајна ќе откупи околу пет илјади тони сончоглед, наспроти ланските 11 илјади. Ако сончогледот замине од македонските полиња, вработените ќе останат без работа. Оти Маслодајна единствена во земјава произведува масло од сончоглед, а не од увоз на сурово масло.https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close