Приведен вработен во Шумска полиција во Демир Хисар поради примање поткуп
На патот меѓу Света и Единаковци, на подрачје на Демир Хисар, го лишиле од слобода Д.Т.(58) од Демир Хисар, вработен во Шумска полиција во Демир Хисар, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.357 од КЗ „примање поткуп"
Полициски службеници од ОВР Демир Хисар во содејство со криминалистичката полиција на СВР Битола денеска (30.10.2023) на патот меѓу с.Света и с. Единаковци, на подрачје на Демир Хисар, го лишиле од слобода Д.Т.(58) од Демир Хисар, вработен во Шумска полиција во Демир Хисар, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.357 од КЗ „примање поткуп”. Д.Т. од лице од Демир Хисар побарал пари, а за возврат да не постапи односно да не санкционира незаконско работење. Откако му биле побарани пари, лицето го пријавило случајот во СВР Битола и му биле дадени крим-технички обработени пари, кои тој денеска му ги дал на Д.Т.. Веднаш откако му биле предадени парите, Д.Т. е лишен од слобода и кај него се пронајдени 18.000 денари кои потекнуваат од кривичното дело. Д.Т. е приведен во полициска станица Битола и против него ќе следува кривична пријава.