fbpx
Без категорија

Србите го сакаат македонското јаболко

Србија лани увезла 24.000 тони јаболка од Македонија во вредност од 3,1 милиони евра

Според податоците и анализите на Здружението за растително производство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Србија (ПКС), во текот на 2022 година од Северна Македонија увезени се најмногу јаболки, потоа домати, кромид, зелка, свежи пиперки и лубеници, јави дописникот на МИА од Белград.

Според податоците и анализите на Здружението во 2022 година во Србија се увезени 305.990,5 тони овошје, односно за 9,1 отсто помалку во однос на претходната година. Вредноста на увезеното овошје и зеленчук изнесува 295,7 милиони евра.

Во 2022 година во Србија се увезени 26.126 тони јаболка, со увозна вредност од 3,7 милиони евра.

Јаболка најмногу се увезени од Северна Македонија, во износ од 23.837,8 тони и во вредност од 3,1 милиони евра.

Слични написи

Back to top button
Close