Мандарини од Хрватска запрени на влез во Србија, пратката уништена поради присуство на пестициди
Во примероците од мандарина земени во Хрватска на 18 октомври биле пронајдени 0,044 мг на килограм пестицид хлорпирифос и дека е наредено да се уништат мандарините.
Пратка мандарини од Хрватска, која била наменета за извоз на српскиот пазар, била запрена на граница и уништена, бидејќи при контрола било констатирано дека во мандарините го содржат нелегалниот пестицид хлорпирифос, потврди за Еуроњуз Србија Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Системот за брзо предупредување за безбедност на храната на Европската унија (РАСФФ) објави дека во примероците од мандарина земени во Хрватска на 18 октомври биле пронајдени 0,044 мг на килограм пестицид хлорпирифос и дека е наредено да се уништат мандарините.
Како што соопштија од министерството, ова е втора контроверзна пратка мандарини од Хрватска поради присуството на истиот пестицид, со оглед на тоа што уште една пратка, пред оваа што беше уништена, е вратена во Хрватска.
Пестицидот хлорпирифос е забранет во ЕУ од почетокот на 2020 година, а во Србија од минатата година, освен за шеќерната репка, по одлуката на Министерството за земјоделство.