fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски: Ајде да пошумуваме заедно, заедно да ги чуваме и унапредуваме шумите

Еден милион и двеста илјади садници ги предвидуваме за пошумување во годинешната голема акција за пошумување во 19 региони, на 36 локации низ државата. Годинешната акција, која започнува од овој месец и ќе трае се до март 2024 година, опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела.“, истакна министерот Николовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, деканот на факултетот за шумарски науки пејзажна архитектура и екоинжирнг Ханес Ем Кирил Сотировски, директорот на ЈП Национални шуми Валентин Груевски и претставници на општествено одговорни комапнии и граѓански организации, денеска го најавија започнувањето на годинешната голема акција за пошумување.

Како министерство, наша задача, но и на сите нас како граѓани, е да се грижиме и да ги чуваме нашите шумски убавини и редовно да вршиме обновување со нови садници.

„Еден милион и двеста илјади садници ги предвидуваме за пошумување во годинешната голема акција за пошумување во 19 региони, на 36 локации низ државата. Годинешната акцијакоја започнува од овој месец и ќе трае се до март 2024 година, опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела.“, истакна министерот Николовски.

Шумите се нашите бели дробови, наше природно и национално богатство, кон кое сите ние треба одговорно да се однесуваме и да ги чуваме.

Од аспект на животна средина дрвјата и шумите се многу повеќе од економски потенцијал. Ние шумите ги гледаме како екосистеми, а нивната еколошка димензија е многу голема и многу важна“, истакна министерката Шукова, највувајќи дека како подршка на годинашното пошумување и зазеленување на нашата држава Министерството за животна средина и просторно планирање во партнерство со УНЕП ќе спроведе мерки за реставрација или уредување на деградирани земјишта и голини преку пошумување на површина од 400ха и преку спроведување на мерки за одржливо управување со земјиште и одржливо управување со шуми на повеќе од 15.000 хектари.

Заедно во соработка со Европската Унија, преку ИПА програмата работиме на голем и значаен проект за реформа на секторот шумарство во Северна Македонија. Проект кој има временска рамка за имплементација од две години, заклучно до 2025 година, вреден 1,3 милиони евра финансиска поддршка на Европската Унија. Истиот ќе се реализира низ четири поткомпоненти, кои го доближуваат македонското шумарството до европските стандарди. Една од овие поткомпоненти предвидува основање на Агенција за шуми и реструктуирање и трансформација на Јавното претпријатие Национални шуми во државно друштво, градејќи технички капацитети на стручните лица од шумарството на постојните и новите шумарски институции и организации.

 

После 30 години за прв пат реализираме проект со систематски пристап кој ќе овозможи темелни реформи за здрави, одржани и богати шуми кои ќе ги оставиме на идните генерации.

 

Решавањето на проблемите со глобалното затоплување и секвестрација на јаглеродот, ефектот на стаклена градина е значаен фактор за сегашната климатска криза. На почетокот на 21 век интересот за пошумување израсна над неговиот потенцијал. Видот на садниците со кои ќе се пошумува на површините е одреден од нашите стручни лица земајќи ги во предвид природните, почвените и еколошките  карактеристики на површините“, истакна директорот на ЈП Национални шуми Валентин Груевски.

 

Факултетот за шумарски науки пејзажна архитектура и екоинжирнг Ханес Ем е важен партнер во акциите за пошумување, но и во процесот на креирање мерки и политики за заштита и унапредување на шумскиот фонд во државата.

 

„Од успешни пошумувања ни зависи иднината на планетата, а не само на регионот и државата“, истакна деканот на факултетот за шумарски науки пејзажна архитектура и екоинжирнг Ханес Ем Кирил Сотировски.

Министерот Николовски во своето излагање истакна дека за голема почит фактот што многу општествено одговорни компании и граѓански организации се приклучија кон оваа акција за пошумување, но и преку сопствени иницијативи, во соработка со нас, организираат акции за пошумување и збогатување на шумскиот фонд.

Нашата успешна соработка со општествено одговорините компании и грѓански здруженија ја потврдивме и минатата година, кога заедно во 21 регион пошумивме повеќе од 300 хекатри засадувајќи над 800.000 садници. Зелената транзиција за нас е еден од петте клучно поставени приоритети за работа на министерството, а пошумувањето е една од нашите цели за успешно реализирање на зелените принципи. Да им оставиме на идните генерации чиста, зелена и европска држава“ истакна министерот Николовски.

Во име на општествено одговорните компании поддржувачи на оваа акција за пошумување се обрати Гордана Грунеска, претставник од компанија ДМ.

„ДМ како компанија е визионер, која заедно со министерството за земјоделство и ЈП Национални шуми спроведува веќе две години по ред акции за пошумување. Минатата година заедно засадивме повеќе од 30.000 садници пошумувајќи површина од 10 хектари. Со задоволство и оваа година се вклучуваме во оваа голема акција за засадување на 1.200.000 садници на 36 локации низ државата“, истакна Гордана Грунеска, претставник од компанија ДМ

Во име на граѓанските организации поддржувачи на оваа акција за пошумување се обрати Јордан Бајрактаров, претставник на Сојузот на извидници на Македонија

„Созјузот на извидници на Македонија ја изразува своја благодарност до МЗШВ за соработката која ја востпоставивме со реализација на проектот Боренка – волонтерска акција за пошумување на опожарени подрачја. Со задоволство се вклучуваме и во оваа голема акција за пошумување на државата“, истакна Јордан Бајрактаров, претставник на Сојузот на извидници на Македонија

Преку оваа акција за пошумување ставаме фокус на тоа да го промениме начинот на размислување, навиките на нас луѓето, но и да дадеме поддршка на она што значи живот, а секое едно дрво зрачи живот! Со нови сили и уште поголема мотивација продолжуваме заедно кон остварување на целта, чиста и зелена, европска земја.

Ги повикуваме сите граѓни љубители на природата да ни се приклучат во оваа голема акција за пошумување. Ајде да пошумуваме заедно, ајде заедно да ги чуваме и унапредуваме шумите. За нас, за нашите деца за нашата заедничка иднина.  

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close