Земјоделците бараат продолжување на проектот Договорно производство на бессемена лубеница и во 2024 година
На средбата со земјоделците се разговараше за условите под кои се склучува договорот, за минималната загарантирана цена како и за стручната поддршка што ја обезбедува откупувачот.
Проектот „Договорно производство на бессемена лубеница 2023 година“ организиран од компанијата „Fresh line“, е во завршна фаза. Се сумираат резултатите, се анализира соработката со земјоделските производители, се разговара за проблемите на кои се наиде во текот на производството како и можноста за продолжување за следната година со склучување на нови договори.Сите овие информации како и целокупното искуство од годинава беше пренесено од страна на претставникот од „Fresh line“, Борис Шуперлиски пред заинтересираните земјоделци од неколку скопски и велешки села.
На средбата со земјоделците се разговараше за условите под кои се склучува договорот, за минималната загарантирана цена како и за стручната поддршка што ја обезбедува откупувачот.
Бессемената лубеница е слична на обичната која на сите ни е позната. разликата е во тоа што семенскиот материјал е различен и се работи за семка која е нешто поскапа од другите семиња. Другиот дел од процесот на производство е сличен или ист како другата лубеница.
Подготовката на нивите и делот со садењето е ист како обичната лубеница. Бројот на стебла што се садат на еден хектар се околу 5.000. Важно е да се напомене дека бессемената лубеница мора да се засади со друга семена лубеница, односно некој тип на поленатор затоа што самата од себе не се опрашува.
Годинава производството на бессемена лубеница се врши на околу 35 хектари распределени во три региони во Македонија, Валандовски, Струмички и Штипски, со цел да се добие производ во текот на целата сезона, односно почнувајќи од 15-20 јуни до крајот на август.
Земјоделците потенцираат дека во скопскиот регион има одлични услови за садење на бостан и покажаа интерес за уште една средба каде што повеќе традиционални производители на лубеници ќе бидат присутни и ќе се разговара за склучување на нови договори за следната сезона.
Исто така стана збор и за условите на производство, разликата меѓу обичната лубеница и бессемената во обезбедување на расад и проблемот со наводнување кој го имаат земјоделците од велешко, пренесува https://agrotim.mk/