fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Што се случува со телото кога ќе го исфрлиме лебот од исхраната

Преработените јаглехидрати, како оние што се наоѓаат во белиот леб, предизвикуваат ненадеен пораст и скок на шеќерот во крвта во вашето тело

Можеби ќе ви се допаднат промените.

Лебот може да ви обезбеди хранливи материи како што се витамините Б и железото. Меѓутоа, ако го јадете во големи количини, ќе внесете многу калории и веројатно ќе добиете некој килограм вишок.

Еве три промени кои можете да ги очекувате доколку го исфрлите лебот од исхраната.

1. Ќе изгубите килограми предизвикани од таложење на вода во телото
Лебот е полн со јаглехидрати, а нивното нагло исфрлање ќе се забележи на телото во вид на слабеење. Но, не станува збор за моментално слабеење, туку за губење на водата што се акумулира во телото.

Телото складира јаглехидрати во форма на гликоген, млечна киселина која собира вода. Секој грам јаглехидрати задржан во телото задржува и врзува три до четири пати повеќе од неговата тежина во вода.

2. Нема да бидете постојано гладни
Преработените јаглехидрати, како оние што се наоѓаат во белиот леб, предизвикуваат ненадеен пораст и скок на шеќерот во крвта во вашето тело, кој потоа многу брзо опаѓа. Овие ненадејни промени испраќаат нејасни сигнали до мозокот кои ја зголемуваат гладта и желбата за храна, предизвикувајќи нè дебелеење.

Но, тоа не значи дека треба целосно да го исфрлите лебот од исхраната, туку празните калории и белиот леб да ги замените со интегрални житарки кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

3. Ќе ви се зголеми енергијата и ќе ви се подобри варењето
За разлика од интегралниот или црниот леб, белиот леб не содржи влакна, кои се неопходни за нормално функционирање на цревата и варењето. Таквата храна предизвикува запек и дигестивни проблеми. Откако ќе го исклучите белиот леб од менито и ќе ги вклучите интегралните житарки во вашата секојдневна исхрана, варењето почнува да работи нормално и лесно.

Исто така, јаглехидратите се храна и гориво за мозокот. Ако е квалитетен, мозокот работи нормално, без пореметувања, но доколку храната за мозокот не е здрава, телото реагира негативно, предизвикувајќи чувство на слабост и замор

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close