fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ја зголемуваме трговија со Молдавија во делот на винарството

Средба Николовски – Болеа

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во рамки на денешниот 17 годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, заедно со раководителот на секторот за рурален развој, Гоце Георгиевски и раководителот на секторот ИПАРД, Живко Брајковски, оствари средба со заменик претседателот на Владата и министер за земјоделство на Молдавија, Владимир Болеа.

Северна Македонија и Молдавија се познати по својата винска традиција. Двајцата министри на средбата разменија искуства во делот на винарството, а министерот Николовски ја презентираше нашата успешна винска приказна по која сме познати во светот.

Македонското вино е нешто со што се гордееме. Денеска македонското вино е високо позиционирано на винската мапа. Ние како држава во 2022 година имаме остварен девизен прилив во вредност од скоро 60 милиони долари. Овие успешни резултати на нашата држава се потврдени и од страна на World Top Export кој за 2022 година нашата држава ја позиционира во првите 15- држави во светот на скалата по девизен прилив пресметан во долари. Ова се одлични резултати за една мала земја како нашата која се натпреварува со далеку поголеми држави“ истакна на средбата министерот Николовски.

Министерот за земјоделство и заменик претседателот на Владата на Молдавија, Владимир Болеа изрази благодарност за нашата поддршка кон Молдавија при нејзиното зачленување во рамки на SWG.

Двајцата министри на средбата разговараа за зголемување на меѓусебната соработка и трговија меѓу нашите две држави, идентификувајќи во наредниот период повеќе области од заеднички интерес на двете земји и јакнење на соработката, како и заедничка поголема вклучеснот во евроинтеграциите на двете држави.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close