Агро бизнисБез категоријаВести
Марјанчо Цветкоски досега посеа 8 хектари под жито, ако го послужи времето ќе посее уште 5 хектари
Земјоделци што не се откажуваат од земјата!
Нашиот земјоделец Марјанчо Цветкоски од селото Марул, прилепско оваа есенска сеидба работи вредно и досега посеа 8 хектари под јачмен и пченица, вели ако го послужи времето ќе посее уште 5 хектари.
-Работиме ден и ноќ само да стасаме да го реализираме планираното за есенската сеидба. Рокот за сеидбата е изминат, сушата не дозволи да се посее во предвиденото време од 15 до 25 октомври, затоа ја пролонгиравме работата и сега работиме со засилен интензитет, зошто секој задоцнат ден ќе влијае на рзвојот на растението и крајно на приносот, вели Марјанчо.
А.Б