fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски-Винскиот сектор станува моторот на домашната економија

Винариите се најголемите корисници на средства од ИПАРД програмата, а субвенциите по хектар за квалитетен вински насад достигнаа околу 1000 евра. Речиси и да не постои винарија која нема искористено средтва од ИПАРД 2 програмата за развој и модернизација на своето производство.

Овие денови на вториот по ред саем Wine Vision во Белград, сме земја со најголем број на винарии изложувачи. Претставени со 74 винарии и дестилерии и над 1000 етикети вино, што е скоро двојно повеќе од минатата година, истакна министерот Љупчо Николовски за вестите на Сител телевизија, од самот во Белград. Тој додаде и дека меѓу винариите, како лани така и оваа година, се нашите мали семејни винарии, нашата гордост и единствени од регионот, кој го предизвикуваат најголемото внимание меѓу посетителите на семот.

Министерот Николовски нагласи и дека на повеќе од 90 мали винарии до крајот на годината доделени ќе бидат и договорите од последниот јавен повик за поддршка со грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство.

 

„Македонското вино е нешто со што се гордееме. Најдобар промотер на нашата земја, најгласниот и најдиректниот маркетинг за нашата земја. Јасно и силно го рефлектира успехот на нашата стратегијата, со што винскиот сектор доживеа револуционерен развој, поставувајќи се високо на винската мапа. Последните резултати на Меѓународната организација за вино World top export ја рангира Република Северна Македонија на 13-то место во светот по девизен прилив пресметан во долари, за 2022 година. Вредноста на извезеното вино е зголемена за 4,6 % или пресметано во долари, ние во 2022 сме оствариле девизен прилив во вредност од скоро 60 милиони долари“ истакна министерот Николовски.

 

Со право очекуваме и оваа 2023 година уште подобри резултати, рушејќи нови рекорди искачувајќи на уште повисоко место, бидејќи само во првите шест месеци од оваа година бележиме извоз на македонско вино од над 40 милиони евра.

 

Изминатите седум години од 2016 до 2022, министерството за лозарите и винариите исплатило околу 90 милиони евра, поддршка по разни основи, а само во една година во буџетската каса, преку извозот на вино назад се вратни две третини од овој износ. Затоа со право можеме да кажеме дека винскиот сектор може да биде моторот на домашната економија

 

Нашата држава, како никоја друга, силно инвестира во винскиот сектор. Винариите се најголемите корисници на средства од ИПАРД програмата, а субвенциите по хектар за квалитетен вински насад достигнаа околу 1000 евра. Речиси и да не постои винарија која нема искористено средтва од ИПАРД 2 програмата за развој и модернизација на своето производство.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close