fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ковачевски: Минималната плата ќе стане највисока досега

Пензиите ќе бидат покачени до ниво на минималната плата

Пензиите ќе бидат покачени до ниво на минималната плата, а минималната плата ќе биде покачена на историско највисоко ниво од 22.500 денари, најавува премиерот Димитар Ковачевски.

– Во буџетот за антикризни мерки до крајот на оваа година се предвидени 75 милиони евра, а за следната година предвидени се дополнителни 55 милиони евра. Овде пред сѐ продолжуваме со мерката за субвенционирање на електричната енергија. За пензионерите со пензии до висина на минималната плата ќе има финансиска поддршка.  Минималната плата ќе биде покачена на историско највисоко ниво од 22.500 денари. Зголемени плати ќе имаат и работниците во целиот јавен сектор.  Буџетот на нашата држава ги исполнува целите за кои е направен, како што се обезбедување на фискална, економска, макроекономска и монетарна стабилност.  Носиме мерки со кои го подобруваме животниот стандард на сите наши граѓани, напиша Ковачевски.

Тој во објавата коментира и за предлог-буџетот кој е историски најголем досега:

 

– Буџетот на нашата држава ги исполнува целите за кои е направен, како што се обезбедување на фискална, економска, макроекономска и монетарна стабилност. Носиме мерки со кои го подобруваме животниот стандард на сите наши граѓани, објави Ковачевски на Фејсбук.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close