Создаден премаз кој ги штити посевите од замрзнување
Истражувачите дизајнирале и произвеле уред користејќи супстрат кој го апсорбира инфрацрвеното зрачење во комбинација со премази од еднодимензионални кристали на германиум и цинк сулфид. Потоа направиле надворешно топлинско истражување, кое открило дека покривањето со таков слој може да ја подигне температурата за 2,1°C/4,4°C во споредба со широкопојасна рефлектирачка површина и широкопојасна апсорпциска површина.
Загревањето е многу битно во разни индустриски и земјоделско процеси низ историјата. Ноќните ниски температури се посебен предизвик поради немањето сончево зрачење. Во текот на ноќта губењето на топлина во околниот простор може да предизвика пад на температурите под нулата, што е голема закана по земјоделството.
Традиционално, ноќе се користеле активни електрични грејачи, но тие трошат многу енергија и ја зголемуваат емисијата на јаглерод диоксид. Пасивните методи на загревање, како што се изолациските прекривки и премазите со ниска емисија, имаат ограничувања, како што е нецелосната ефикасност и вкупнот нето губење на топлината.
Во новата студија објавена во списанието Light: Science & Applications тим од научници, предводен од професорот Чианг Ли од Универзитетот Жеџианг во Кина, предложија стратегија за ноќно загревање базирано на нанофонска контрола. Оваа стратегија пасивно го потиснува зрачењето на топлината од објектите додека активно ја користи енергијата во појасите на атмосферско зрачење (5–8 μm и 14–16 μm).
Постигнувањето на оваа стратегија вклучува покривање на таргетираните површини со тенок слој кој има висока рефлексија со цел да се контролира протокот на енергија и ефикасно да се подигне температурата.
Истражувачите дизајнирале и произвеле уред користејќи супстрат кој го апсорбира инфрацрвеното зрачење во комбинација со премази од еднодимензионални кристали на германиум и цинк сулфид. Потоа направиле надворешно топлинско истражување, кое открило дека покривањето со таков слој може да ја подигне температурата за 2,1°C/4,4°C во споредба со широкопојасна рефлектирачка површина и широкопојасна апсорпциска површина.
Студијата ја проценила и потенцијалната примена на оваа стратегија за ноќно значителна годишна заштеда на електрична енергија.
(Vidi.hr)https://inovativnost.mk/