Како Сојузот дојде до заклучок дека цената од 600 денари за кг. тутун е висока, прашуваат од Националната земјоделска мрежа
НОВА ВЕСТ за тутунарите! Чии интереси штити Сојузот? Интересите на своите членови од кои педантно прибира членарина од 0.035% од нето заработката на секој тутунопроизводител?!
Почитувани тутунопроизводотели,
Национална земјоделска мрежа јавно го повикува Сојузот на земјоделски здруженија да го искаже јасно и транспарентно својот став околу висината на корекцијата на откупните цени на тутунот. Истовремено да каже врз основа на кои аргументи дојде до заклучок дека побараната просечна откупна цена од 600 ден по килограм ситнолисен ориентален тутун во лист е висока односно врз основ на што носат заклучок дека откупните фирми немаат пари да ја исплатат таа побарана цена од 600 денари? Со други зборови чии интереси штити Сојузот? Интересите на своите членови од кои педантно прибира членарина од 0.035% од нето заработката на секој тутунопроизводител?!
Во ова прилика како Национална земјоделска мрежа јавно ќе цитираме два члена од Законот за тутун и тутунски производи. Според член 12 – Договорот помеѓу откупната фирма и тутунопроизводителите се склучува во писмена форма, за содржината на договорот откупувачот е должен да побара согласност од највисоката асоцијација на тутунопроизводителите во конкретниот случај Сојузот.
– Доколку Сојузот достави негативно мислење за содржината на договорот откупувачот е должен во рок од пет дена да ги усогласи договорите според мислењето на Сојузот.
Член 13 -Задолжително стои во договорот – Откупна цена по класи. – Надомест за организирањето и застапувањето на преставникот на Сојузот при откупот – Други права и обврски.
Почитувани од сето погоре изнесеното Сојузот според неговите законски надлежности дал согласност на овие цени што се моментално во нашите договори и со самото тоа без никаква економска логика не става нас тутунопроизводителите во една апсурдна ситуација да произведуваме тутун по цени што не можат да ги покријат ни производните трошоци. Затоа јавно укажуваме дека Сојузот во спрега со откупните фирми на едно крајно манипулативен начин ги изманипулирал и злоупотребил тутунопроизводителите и ги става во подредена улога спрема откупувачите. Крајно време е да се повика на целосна одговорност Сојузот, но и откупните фирми за ваквиот манипулативен однос кон тутунопроизводителилите и под итно да се направат корекции на откупните цени врз основ на реални економски импути. Како Национална земјоделска мрежа уште еднаш укажуваме дека нема да дозволиме понатамошна манипулација со трудот на тутунопроизводителите. Нашиот став за просечна откупна цена од 600 денари спремни сме да ја одбраниме со аргументи.
Со почит Национална земјоделска мрежа , претседател Ѓорги Каракашев