fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Време е за проблемите на тутунарите да се зборува јавно!-трибина во Прилеп на 2 декември

НАЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА И ТУТУНСКА НАДЕЖ ве покануваат на трибина!

ЈАВНА ПОКАНА ДО ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ПО ПОВОД ОДРЖУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ТРИБИНА НА ДЕН 02.12.2023 год во 17 часот (сабота) во салата при библотеката Марко Цепенков во Прилеп

Почитувани Tутунопроизводители!!!

Граѓанските здруженија НАЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА И ТУТУНСКА НАДЕЖ ве покануват на земјоделска трибина која е од отворен тип за сите тутунопроизводители. На трибината ке се дискутира за актуелните состојби околу овогодишниот откуп на тутунот со конкретни дискусии околу темата при што ке изградиме заеднички став за состојбите и ке дефинираме мерки и активности за понатамошно заедничко делување со единствена цел да се спречи секаков обид за манипулација и девалвирање на макотрпниот труд на тутунопроизводителите Во ова прилика Ние како организатори јавно се оградуваме од обиди за секакви политички влијанија како и евентуално нарушување на јавниот ред од одредени учесници Воедно ги покануваме медиумите за нивно присуство за целосно и транспаретно информирање на јавноста. Со почит

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close