Стомнароски-Откупувачите не се сложија со покачување на цената на тутунот, револтирано ја напуштивме средбата
Не е постигнат договор за тутунот во Скопје, Сојузот ги напушти преговорите
Сојузот на земјоделски здруженија револтирано ја напушти средбата со откупувачите откако тие не се сложија за покачување на цената на тутунот, вели Менде Стомнароски претседател на Сојузот. Стомнароски вели дека на претходната средба кога се сретнаа откупувачите и Министерот Љупчо Николовски било кажано и побарано дека со откупувачите треба да се сретне и Сојузот, во меѓувреме Сојузот на Стомнароски ги посети сите откупни компании во државата, но за жал тие не се согласиле за покачување на цената на тутунот од новата реколта.
„Со откупувачите бевме на средба денеска во Скопје во МЗШВ, министерот не дојде денеска. Во разговори со откупувачите иако имавме надеж за покачување на цените на тутунот, сепак на денешната средба тие кажаа-НИЕ НЕ ГИ ПОКАЧУВАМЕ ЦЕНИТЕ!
Како Сојуз кажавме дека тоа е навреда, оти да одиме во Скопје за да ни кажат дека нема покачување не е во ред. Сега им кажавме која фирма ќе понуди цена со неа ќе преговараме“, вели Стомнароски.
Револтирано го напуштивме состанокот во Скопје – нагласува Стомнароски. Според него, никој не може да го стопира откупот на тутунот, а Сојузот не може да ги стопира поверениците ниту пак насила да ги натера да одат на откупните пунктови, вели тој.
Стомнароски остро демантира дека на средбата бил даден предлог за покачување на цените на тутунот.
А.Блажевска