Агро бизнисБез категоријаВести

Откупот на тутунот почнува на 15 декември, на тутунарите останува дали ќе носат тутун, велат од Националната земјоделска мрежа

Националната земјоделска мрежа информира дека тутунарите се едногласни и бараат повисоки цени, за што здружението денеска ќе достави барање до МЗШВ за медијаторство меѓу откупувачите и тутунопроизводителите за покачување на откупните цени.  

Откупот на тутунот почнува на 15 декември, според законски предвидениот рок, но на тутунарите останува дали ќе носат тутун и дали ќе се согласат со откупните цени.

Националната земјоделска мрежа информира дека тутунарите се едногласни и бараат повисоки цени, за што здружението денеска ќе достави барање до МЗШВ за медијаторство меѓу откупувачите и тутунопроизводителите за покачување на откупните цени.

-Бараме од МЗШВ медијаторство и корекција на цените кои ќе ги покријат трошоците на тутунарите за производство на тутунот. Се надеваме дека МЗШВ ќе излезе во пресрет и ќе биде во корист на тутунарите, вели Ѓорги Каракашев од Националната земјоделска мрежа.

А.Б

Поврзани новости

Back to top button