fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Здруженијата на земјоделци не можат да повикаат на бојкот на откупот на тутунот, оти тоа е кривично дело

Сојузот е единствениот кој би можел да влијае на цените на тутунот пред да се склучат договорите

Почитувани тутунопроизводители,

Ја разбираме и почитуваме Вашата реакција и сакаме јасно да истакнеме дека редовниот откуп на тутунот  започнува на 15 декември и трае до крајот на февруари. За тоа дали на тутунопроизводителите им се исплаќа да го предаваат тутунот за актуелните цени, секој еден од производителите си одлучува сам за себе.

Ние како здруженија, не можеме да повикаме на целосен бојкот на предавање на тутунот затоа што тоа повлекува кривична одговорност.  Но, можеме да апелираме да не се предава тутун се до моментот додека откупните фирми не извршат корекции на цените кои ќе бидат прифатливи за нас тутунопроизводителите.

За таа цел организиравме трибина во Прилеп и упативме писмено барање за средба со откупните фирми за корекција на овогодишните откупни цени.  Околу здруженијата да бидеме појасни – Сојузот на земјоделски здруженија е легитимен и овластен и одговорен застапник за нас тутунарите.  Тој е единствениот кој би можел да влијае на цените пред да се склучат договорите, така што од кои причини Сојузот се има согласено на тие цени кои не ги покриват ни основните производни трошоци само ним е познато.  Факт е дека Законот дозволува да се прават измени на цените преку анекс на договорите.

Спорно во целиот процес е дали во целост се исполнети законските обврски од страна на откупните фирми и договорите предвидени во законот, па се поставува прашањето и се доведува во прашање правната издржаност на самитите.договори.  Факт е дека цените што се нудат во договорите не ја покриваат ни производната цена и дека годинава имаме драстичен недостиг на тутун кој е со одличен квалитет. Тоа мора да го почитуваат откупените фирми и да го откупат целото производство по реални откупни цени кои ќе бидат коригирани преку анекс на договорите. Нашиот став е јасно искажан за просечната откупна цена од 600 денари.

Почитувани, и ние како претставници на здруженијата како и нашите членови сме земјоделци и нашата егистенција ја обезбедуваме преку земјоделско производство.  Нашата активност се сведува на волонтерска основа финансирана од лични средства и затоа никој нема право да бара одговорност од нас освен нашите членови. Ние како граѓански здруженија и со закон и со статут сме должни и легитимни да ги браниме правата на нашите членови и останатите засегнати граѓани со сите легитимни демократски и законски средства кои ни стојат на располагање. Тоа го правиме и ќе го правиме и во иднина се до исполнување на зацртаните цели.

Национална земјоделска мрежа-претседател Ѓорги Каракашев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close