fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

По 300 денари за кг. жива мера – 8.500 јагниња се спремни за извоз за Католички Божик

Субвенции за млекото и за продадено јагне во наредната работна недела

Субвенции за млеко, за продадено јагне ( за периодот по 01.06. 2022 до крај на 2022), и за зачувани приплодни грла јагниња за 2022 ќе бидат исплатени неделава( – од понеделник), информира Никола Ѓеоргиев, претседател на Сојуз на одгледувачи на овци за Зелена берза.

Сепак она што е најважно за сточарите, одгледувачи на овци е дека следува извозот на јагниња пред Божиќните празници.

-Околу 8.500 јагниња што се за продажба достасуваат за католички Божик односно 14, 15, 16 декември, кога се очекува да биде и шпицот на извозот. За овој период се очекува жибва мера јагне да достигне повисока цена -односно 300 денара за килограм, со оглед на приликите во опкружувањето и во Италија како  основен таргет пазар за нашиот производ. Освен тоа, нашите информации говорат дека можеби по прв пат имаме најскладно јагне за италијанскиот пазар односно со просечна тежина до 20 кг. Најмногу јагниња се очекува да бидат откупени од Пелагонискиот регион, исто така од Малешевијата значителна бројка, велешко нешто помалку и западниот дел од државава, вели  Ѓеоргиев, претседател на Сојуз на одгледувачи на овци за Зелена берза.

Одгледувачите на овци изминатата среда имаа Годишно собрание кое се одржа во просториите на МЗШВ.

На Собранието присуствуваа претставници на АХВ и МЗШВ.

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close