fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски-Донесен Законот за советодавни услуги во земјоделството како и законот за дивеч и ловство

Усогласени со Европската Унија - Законот за советодавни услуги во земјоделството и руралниот развој и Законот за дивечот и ловството, објави министерот Љупчо Николовски.

Собранието денес донесе два важни закони со европско  знаме, во целост усогласени со Европската Унија – Законот за советодавни услуги во земјоделството и руралниот развој и Законот за дивечот и ловството, објави министерот Љупчо Николовски.
-Законот за советодавни услуги во земјоделството и руралниот развој има за цел да создаде ефективен и структуриран систем за обезбедување на квалитетни совети и информации на нашите земјоделци.
-Со ова законско решение создаваме можност за професионализација на советодавните услуги и воспоставуваме систем преку кој на земјоделците ќе им се доближат искуствата и знаењето за најновите практики и технологии во производството, кои директно треба да влијаат да имаме одржливо и конкурентно производство, по европски терк.
-Законот за дивечот и ловството содржи многубројни реформски новости, усогласувајќи го домашното законодавство со европското.
-Со новиот закон се излегува од досегашните концесиски рамки и во иднина дивечот се дава на користење и управување и тоа на период од 20 години, поради постулатот во одгледувањето, заштитата и неговото користење.
-Се пропишуваат зголемени јавни овластувања на Ловечката Федерација, потоа од безбедносен аспект се предвидува и задолжителна обука пред полагањето на ловечки испит, особено во делот за безбедност при ловот. Флоуроцентните маркер елеци стануваат задолжителни при лов на дивеч.
-Исто така, новина е и тоа што ловната сезона на дивата свиња ќе започнува порано, а се лимитира бројот на дозволен застрел по ловец на ден за одделни видови дивеч. Преку новиот закон се создаваат услови и за развој на ловен туризам, преку полигон за лов на ситен дивеч.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close