fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Почна закројувањето на лозјата во Тиквешко

Лозарите со повеќе лозови насади не можат да го чекаат ,,Свети Трифун"

Се кројат лозјата во Тиквешко, лозарите со повеќе лозови насади не можат да го чекаат верскиот празник „Свети Трифун” што е по два месеца и кога традиционално на симболичен начин, вообичаено стартува резидбата на виновите лози во Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата. Се зголемува бројот на лозари што ја извршуваат оваа земјоделска операција во лозовите плантажи.

– Знаете, овде на овие простори, лозарите со оваа лозарска операција главно почнуваат на 14 февруари, бидејќи “Свети Трифун” се смета за заштитник на производителите на грозје. Но, голем дел од лозарите мораат да брзаат со оваа операција и не можат да го чекаат празникот. Тоа е поради фактот што имаат големи лозови плантажи и ако го чекаат празникот, нема да стигнат да завршат со резидбата, појаснува за МИА, Јован Златевски, претседател на Сојузот на лозарски здруженија, со седиште во Кавадарци.

Но, брзањето со резидбата од страна на оние кои имаат повеќе лозови насади, е и поради уште една причина, што е поприсутна во регионот.

– Голем број од сезонските работници кои порано се ангажираа во лозарството, сега се вработени во германската фабрика ,,Дрекслмаер” и тешко се наоѓаат аргати, додава Златевски.

МИА

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close